Наташа Беквалац ја издава својата луксузна вила за 1.000 евра дневно

1,001

Српските медиуми јавуваат дека пејачката Наташа Бекалац, одлучила својот луксузен имот да го издава за венчавки, родендени, прослави, а луксузната вила ќе им биде достапна на сите оние кои ќе посакат да го поминат викендот, далеку од гужвата во Белград.

На овој чекор, Наташа се одлучила пред неколку месеци, па се договорила со една агенција да ја издава нејзината вила за 1.000 евра од ден.






„Сите беа многу изненадени кога Наташа им кажа дека сака да ја издавата вилата во која вложи многу пари. Но, кога на членовите на семејството им соопшти дека од септември ќе се пресели во Белград каде што Хана ќе ја запише во едно интернационално училиште, а Катја во градинка, сите ја поддржаа нејзината идеја“ вели извор и додава:

„Агентите веруваат дека ова ќе биде добар маркетинг. Посебно ќе им биде интересно на фановите на поп ѕвездата да се одмараат во нејзината куќа и да зборуваат како спиеле во креветот на Наташа“.

Поврзани содржини