НАТАЛИЈА НЕ СЕ КРИЕ ВО ЕСТОНИЈА Талин негира поврзаност, Киев вели дека ФСБ стои зад убиството

Според Данилов, ФСБ планира серија напади внатре во Русија, во обид да мобилизира население во војната во Украина, бидејќи поддршката за војната опаѓа.

1,464

„Обидите на руските безбедносни служби ФСБ да ја поврзат смртта на Дугина, ќерка на Александар Дугин, влијателен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, со Естонија се провокација“.

Вака изјави Урмас Реинсалу, министер за надворешни работи на Естонија, за локалната телевизија ЕПП по изјавите на русите служби дека Наталија Вовк, жената која е осомничена за убиството на Дугина, заминала во Естонија по убиството, заедно со својата 12-годишна ќерка, пишува Њузвик.






Реинсалу рече дека Естонија ова го смета за „ еден пример на провокација во многу долга низа провокации од страна на Руската Федерација и немаме што повеќе да кажеме за тоа во моментов“. Естонија неодамна сруши голем споменик од советско време по што беше мета на хакерски напад за кој одговорноста ја презеде руската група „Килнет“. Вчера, споменик сруши и соседна Латвија.

Во меѓувреме, Киев и Москва си ја префрлаат топката околу убиството на 29-годишната Дарја Дугина, која беше водителка во една националистичка телевизија.

Во Киев, секретарот на Советот за безбедност и одбрана рече дека Украина нема никаква врска со бомбардирањето:

– Ние имаме поважни задачи за нашите момчиња и девојчиња…ФСБ го направи тоа и сега сугерира дека некој од нашите луѓе го направил тоа – изјави г-дин Данилов за украинската телевизија, додавајќи дека ФСБ планира серија напади внатре во Русија, во обид да мобилизира население во војната во Украина, бидејќи поддршката за војната опаѓа, пишува Би-Би-Си.

Одговор стигна и од Олексеј Данилов, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, кој рече дека „ние не работиме на тој начин“.

Меѓу другото, реакции стигна и од „партизаните“ во Русија, пишува Њузвик. Таканаречената Национална републиканска армија на Русија (НРА), која се опишува себеси како група на отпорот против Путин, ги исмеа тврдењата на руските безбедносни служби дека една Украинка стои зад атентатот на Дарија Дугина.

Поврзани содржини