НАТАЛИЈА ДИМИТРИЕВА ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ДЕМИР КАПИЈА Мицкоски повика на масовна поддршка во вториот круг

Мицкоски изрази уверување дека со поддршката на граѓаните, Димитриева ќе оствари убедлива победа и Демир Капија ќе добие жена за градоначалник која ќе донесе напредок, развој и нови проекти.

524

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и кандидатката за градоначалник на Демир Капија, Наталија Димитриева, денеска се обратија на предизборен митинг во рамките на кампањата за вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат на 2 ноември под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски изрази уверување дека со поддршката на граѓаните, Димитриева ќе оствари убедлива победа и Демир Капија ќе добие жена за градоначалник која ќе донесе напредок, развој и нови проекти. Тој нагласи дека првиот круг ги покажал јасно определените очекувања на граѓаните и ги повика сите да излезат масовно на гласање и да го заокружат бројот 9.






„Изминатите 16 месеци како Влада вложивме максимум за реформи и нови проекти, по години на застој и понижување. Затоа, на 2 ноември да излеземе и да ја поддржиме Наталија — симбол на новата енергија и силата на промените“, истакна Мицкоски.

Во своето обраќање, Димитриева порача дека „време е за промени“ и дека по осум години стагнација, Демир Капија заслужува подобри услови за живот. Таа најави приоритетни проекти за подобрување на водоводот и канализацијата во неколку села, како и санација и асфалтирање на локални улици.

Димитриева се заблагодари на Владата за издвоените над 35 милиони денари за реализација на повеќе општински проекти – доизградба на училишна кујна, улично осветлување, канализациска мрежа и фудбалско игралиште – и ги повика граѓаните на 2 ноември да го направат „вистинскиот избор“ за достоинствена и развиена Демир Капија.

 

Поврзани содржини