НАСТИНКА ВО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА Е КОВИД-19 Расте бројот на заразени со сојот Ерис кај јужниот сосед

Во најмалку 45 земји е потврден нов подвид на омикрон наречен Ерис, меѓу кои е Грција, која бележи зголемување на бројот на пациенти и хоспитализирани. Како што пишува локалниот портал Прототема, се очекува поради празниците да се зголеми бројот на заразени и примени во болница, а експертите тоа му го припишуваат на Ерис.

795

Новата мутација на корона вирусот ги загрижи експертите, со оглед на тоа што на северната хемисфера се наближуваат есен и зима и започнува сезоната на респираторни инфекции.

Во најмалку 45 земји е потврден нов подвид на омикрон наречен Ерис, меѓу кои е Грција, која бележи зголемување на бројот на пациенти и хоспитализирани. Како што пишува локалниот портал Прототема, се очекува поради празниците да се зголеми бројот на заразени и примени во болница, а експертите тоа му го припишуваат на Ерис.






Грчките здравствени власти изразија загриженост поради брзото ширење на Ерис, кого Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира како „варијанта од епидемиолошки интерес“.

Новата варијанта на корона во моментов е најраспространета на Крит со 41 потврден случај помеѓу 31 мај и 27 јули. Ерис е откриен во дури 69 проценти од новите случаи на Крит, каде веќе е испратен апел за навремено препишување на антивирусни лекови.

– Новото избивање на епидемијата веројатно е поврзано со фактот што заедницата се оддалечи од програмата за вакцинација против корона вирусот, а хронично болните и постарите лица треба да бидат особено внимателни и по можност да се вратат на секојдневната употреба на маски и почитување на растојанието – предупредуваат експертите.

Се проценува дека празнувањето на Успение на Пресвета Богородица и опуштањето за време на празниците ќе влијае на случаите на корона вирусот во наредните денови. Се очекува зголемувањето на бројот на инфекции со Ковид и приемите во болници да продолжи, а експертите тоа го припишуваат на подваријантата Ерис.

Вниманието е насочено кон постарите и ранливите групи од населението кои најверојатно ќе бидат поканети да примат бустер доза од вакцината наесен. Експертите укажуваат дека антивирусните лекови се сојузник за избегнување на тешка инфекција и дека тие мора да се земаат на почетокот на болеста пред да се влошат симптомите.

Според професорот по хигиена и епидемиологија на Грчката академија на науките, Гикас Мајоркинис, процентот на подваријантата Ерис покажува нагорен тренд во Европа и се чини дека доминира.

– Веќе ја поминавме бројката од 50 земји каде е откриена новата варијанта и од деталната анализа направена во Обединетото Кралство се покажа дека таа е одговорна за зголемувањето на случаите и хоспитализирањата. Слична е ситуацијата и во САД – вели експертот, додавајќи дека и во Грција најверојатно новата подваријанта е одговорна за појавата на случаи во последните недели.

Прототема пишува дека во последниот извештај на националната здравствена служба ЕОДИ се наведува дека Ерис (EG.5.1) претставува 11 отсто од случаите. Се проценува дека вкупниот процент е поголем и дека не е покриен со геномски проверки. Она што е сигурно е дека најголем дел од случаите на подваријантата кои досега се идентификувани потекнуваат од областа на островот Крит.

– Појавата на Ерис служи како потсетник дека САРС-КоВ2 заедно со неговите мутации и подваријанти се уште е причина за загриженост – рече претседателката на Здружението на болнички лекари од Атина и Пиреја (ЕИНАП), Матина Пагони.

Во моментов нема докази кои укажуваат на тоа дека Ерис предизвикува потешка форма на болеста бидејќи симптомите се пријавени како благи, а ширењето на варијантата останува под контрола без да се преоптоварува здравствениот систем.

Сепак, научната заедница е особено загрижена за потенцијалот Ерис дополнително да се шири во текот на претстојната есенска сезона, кога луѓето се враќаат на работа, училиштата се отвораат и луѓето почнуваат да поминуваат повеќе време во затворени простории поради посвежото време, пишува Прототема.

Поврзани содржини