НАСТАВНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ШТО ДОГОВАРААТ СОНК И ВЛАДАТА Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта манипулативно го задушува штрајкот

Според партијата, наставниот кадар легитимно бараше согласно колективниот договор нивните плати да се нивелираат според порастот на минималната плата.

494
СДСМ со притисоци, закани и крајно манипулативно го прекинаа штрајкот на просветните работници.Притоа се повикаа на помирувач кој е пристрасен, односно е вработен во кабинетот на еден министер чиј ресор е директно засегнат од штрајкот. Тоа направи невидена манипулација и понижување на просветните работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.





Од партијата бараат јавноста и просветните работници да бидат информирани за текот на преговорите на СОНК и Влада.

„Од прекинувањето на штрајкот со манипулативни методи, до денес помина недела дена, а јавноста нема никаква информација дали и што договориле двете страни, СОНК и Владата со посредство на помирувачот вработен во кабинет на министер.
Очигледно целта на власта е што е можно повеќе и подолго да се пролонгира и да се забошотат легитимните барања на просветните работници. Наставниот кадар легитимно бараше согласно колективниот договор нивните плати да се нивелираат според порастот на минималната плата. Тоа ќе овозможеше поголема и достоинствена заработка на лицата кои се грижат, ги воспитуваат и едуцираат нашите деца. Навистина е понижувачки наставниот кадар да зема плата која е едвај повисока од минималната плата во земјата. Изговорите на власта дека нема пари, дека покачувањето ќе предизвика инфлација и слично беа обични лаги, бидејќи јавноста виде дека биле трошени милиони евра за криминални физибилити студии, криминални договори во 4 очи, набавки на цвеќиња, кафиња, жардињери, фстаци службени возила и какви ли не други непродуктивни трошоци“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат и дека колку повеќе кријат, толку поочигледно станува манипулативното „задушување“ на штрајкот на просветните работници од страна на Владата на СДСM и ДУИ.

Поврзани содржини