Наставничка заразена од коронавирусот, во изолација 16 ученици

667

Единаесет нови случаи на коронавирус се потврдени во Тиквешко во изминатите 24 часа, заболена е и една наставничка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно од Неготино и Демир Капија.






– Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес – рече Јовановски.

Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на ковид-19.

Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по  13, Неготино 53 лица. Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.

Поврзани содржини