НАСТАНОТ Е РАСЧИСТЕН, НАСИЛНИЦИТЕ СЕ ПРИВЕДЕНИ МВР информира дека напдот во „Техномаркет“ се случил во септември

Двајцата насилници биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото.Против нив е поднесена и кривична пријава.

580
 Министерството за внатрешни работи информира дека нападот на вработен во продавница на „Техномаркет“ се случил во септември и е целосно расчистен а  насилниците се приведени.





„По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената Тоше Проески физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор. Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР.
 
 

Поврзани содржини