Синот на Хју Хефнер објави вчера на Инстаграм дека тој и неговата сопруга станале родители.
, Купер Хефнер (28) и Скарлет Бирн, најпознати по улогата на Пенси Паркинсон во филмовите „Хари Потер“, добиле ќерка.
„Денес, Скарлет и јас ѝ посакавме на нашата ќерка Бетси Роуз добредојде. Преплавени сме со благодарност, среќа и љубов – напишал наследникот на богатството на Хефнер.
Новородената ќерка го добила името по бабата на Купер, Бетси Олдриџ Конрад, која починала минатиот месец.
Скарлет ја потврди веста за бременоста во март кога на социјалните мрежи напиша дека со нетрпение го очекува пристигнувањето на уште еден Хефнер на светот.
После четири години врска, парот се венчал во 2019 година на мала церемонија во Калифорнија.
ФОТО: Инстаграм