НАСЛЕДНИКОТ НА ДЕЛТА СОЈОТ СЕ ШИРИ Се стравува дека може да биде позаразен, еве во кои земји е регистриран

Досега во светот се регистрирани 14.970 случаи на овој сој, заклучно со 18 октомври, најголем дел од нив биле од Велика Британија - дури 14.247 потврдени случаи. Следуваат Романија, Полска, Ирска и Данска.

2,323

Светските експерти внимателно ја следат новата варијанта на делта сојот на коронавирусот, кој е одговорен за зголемувањето на бројот на заразени во Велика Британија, а сега почна да се шири и во други земји.

Оваа варијанта, именувана како AY.4.2, неодамна беше препознаена од виролозите кои ги следат генетските промени во делта соевите, но таа веќе претставува речиси 10% од случаите во Британија. Освен на „Островот“, овој вид на вирусот се појавил и во САД, Канада, Австралија и некои делови од Западна Европа, пренесува News week.






Каде сè е регистриран вирусот

Досега во светот се регистрирани 14.970 случаи на овој сој, заклучно со 18 октомври, најголем дел од нив биле од Велика Британија – дури 14.247 потврдени случаи. Следуваат Романија, Полска, Ирска и Данска.

Некои земји, како што се Австралија, Јапонија и Израел, досега регистрирале еден случај на инфекција со овој вид.

Некои земји, како што се Австрија, Русија и Романија, не сакаа да откријат колку случаи на инфекции имаат досега.

Канадските власти во вторникот потврдија дека земјата регистрирала девет случаи на инфекција со оваа варијанта на коронавирусот од јули.

Со оглед на тоа дека оваа варијанта сè уште не е доволно истражена, сè уште не може со сигурност да се каже дали ќе биде смртоносна како оригиналниот делта сој.

Меѓу земјите кои бележат случаи на оваа варијанта е Русија, која во последните денови собори рекорди по број на заразени и починати. Властите на оваа земја не сакаа да откријат колку потврдени случаи имаат, но руските експерти предупредуваат дека доколку тие бројки се зголемат во наредните денови, Русија може да се соочи со нов пораст на заразени и починати.

Голем проблем во Русија е нискиот процент на вакцинирани, па дури и рускиот претседател Владимир Путин апелираше до граѓаните што побрзо да се вакцинираат, пишува Гео ТВ.

Вчера и Израел објави дека го регистрирале првиот случај на оваа инфекција. Варијантата делта плус е потврдена кај 11-годишно момче кое неодамна пристигнало од Молдавија. Вирусот е потврден на аеродромот по пристигнувањето во земјава и оттогаш е во изолација.

Израелските власти планираат да одржат итен состанок во врска со овој случај, бидејќи доколку вирусот повторно се прошири, тоа може да доведе до големо зголемување на бројот на заразени лица. Оваа земја на почетокот на септември имала повеќе од 10.000 заразени лица дневно, а сега тој број е драстично намален, па секојдневно имаат околу 900 новопотврдени случаи на инфекција, пренесува Тајмс оф Израел.

Неодамна во САД е потврден новиот сој. Директорката на Центарот за превенција и спречување на болести, д-р Рошел Валенски, во изјава за Њујорк пост вели дека оваа варијанта не е поврзана со ниту еден кластер што моментално постои во таа земја.

– Овој подтип на сој делта повремено го идентификувавме кај нас, но засега тоа не влијае на бројот на заразени во САД. Во овој момент немаме докази дека тоа влијае на ефективноста на вакцините кои ни се достапни, но ќе продолжиме да го следиме овој сој во наредниот период – рече докторката.

Ирска вчера објави дека досега регистрирале 45 случаи на инфекција со новата варијанта, и овие податоци сериозно ги загрижи властите во оваа земја. Во Ирска вчера се регистрирани повеќе од 2.000 новозаразени лица, што е најголема бројка во однос на јануари годинава, пишува Independent.ie.

Што се случи во Велика Британија?

Британската агенција за здравствена заштита во извештајот минатата недела соопшти дека варијантата AY.4.2 моментално се шири меѓу новите случаи во Англија, а во оваа земја за прв пат во јули е регистрирана новата подваријанта.

Новите извештаи за овој подтип делта сој доаѓаат во време кога Велика Британија повторно соборува рекорди во бројот на заразени, само неколку месеци откако ги укина повеќето мерки за спречување на ширењето на овој вирус.

Корона вирусот во Велика Британија

Експертите во соопштението потврдија дека варијантата делта плус е регистрирана кај шест проценти од новозаразените луѓе, иако тоа не значи дека оваа варијанта е виновна за зголемувањето на бројот на заразени лица во Велика Британија.

Која е делата плус подваријантата на коронавирусот?

Оваа варијанта, именувана како AY.4.2, само неодамна беше препознаена од вирусолозите кои ги следат генетските промени во видовите на делта.

Како што е наведено, бројот на случаи на оваа варијанта на вирусот рапидно расте, но не толку колку што е оригиналната варијанта, односно од сојот делта што на почетокот на годината пристигна од Индија во Британија.

Џефри Барет, директор на Институтот Кембриџ и Франсоа Бол, директор на Институтот за генетика во Лондон, велат дека варијантата AY.4.2 е 10 до 15 проценти полесна за пренос од оригиналниот вид делта, кој доминираше во светот.

– Доколку се потврдат прелиминарните резултати, AY.4.2 може да биде најзаразниот вид на коронавирус од почетокот на пандемијата – рече Балу, додавајќи дека е потребна претпазливост во оваа фаза.

Новата варијанта, вели Балу, најверојатно ќе биде означена како „сој под истрага“, додека СЗО не го одреди името според грчката азбука.

AY.4.2 е една од 45-те подваријанти на делта вирусот регистрирани ширум светот. Има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во спајк протеинот со кој вирусот ги инфицира човечките клетки.

– Двете мутации беа евидентирани поединечно во претходните варијанти на коронавирусот и не беа окарактеризирани како нешто загрижувачки – рече Балу и додаде дека не е јасно зошто тие ќе ја направат делта варијантата позаразна.

– Не се чини дека овие мутации би можеле да го заобиколат имунитетот, да имаат поголема преносливост или вирулентност – рече тој.

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Универзитетот во Кембриџ, рече дека е тешко да се предвиди влијанието на поединечните мутации врз однесувањето на вирусите, бидејќи тие влијаат на обликот и однесувањето на спајк протеинот на начин што научниците сè уште не го разбираат.

– Навистина не знаеме како самиот вид на делта е толку заразен – рече тој.

Поврзани содржини