НАСКОРО ТЕНДЕР ЗА „БАС РАПИД ТРАНЗИТ“ До 2024-та да се прошири мостот „Обединети Нации“

Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можело коридорот на „Бас рапид транзит“ да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров – изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

1,275

Тендерот за градење на првата фаза од скопскиот „Бас рапид транзит“ систем ќе биде распишан до 15 септември, а оној што ќе го добие меѓу другото ќе треба да го сруши и потоа одново да го изгради и прошири мостот „Обединети Нации“, објасни денеска градоначалникот Петре Шилегов. Под мостот проаѓа цевка за водоснабдување на Скопје и многу други цевки за парно, што треба да биде земено предвид, вели тој.

– Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот за „Обединети Нации“. Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можело коридорот на „Бас рапид транзит“ да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров – изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.






Ако сè е по планот, според градоначалникот, мостот би требало да биде во функција за две и пол години, односно до крајот на 2024 година, јавува МИА.

Погледнете го видеото во кое е претставена првата од двете траси на системот. Таа оди од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

 

Поврзани содржини