НАСКОРО СТРАТЕГИЈА ЗА ПРЕМИН ОД ГАС НА ВОДОРОД Европската комисија бара решение за кризата со енергенси

Потрошувачите и бизнисите во центарот на пакет мерките на ЕК за решавање на енегретската криза.

1,039

Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза, соопшти на прес-конференција еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика.

– Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за да се справиме со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси –  рече таа, без да презентира конкретни мерки против кризата.






Еврокомесарката појасни дека во декември ЕК ќе претстави стратегија за премин од природен гас на водород, јави Бгнес

Поврзани содржини