📽️ СКОПЈАНИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ БУЛЕВАР Интензивно се работи на клучката кај Момин Поток

Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата, напиша градоначалникот на Скпоје велејќи дека се отстрануваат објектите коиу се наоѓаат на трасата.

2,440

Интензивно се работи кај Момин Поток, наскоро скопјани ќе возат по нов булевар!, пишува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски споделувајќи снимка од градежните работи. Тој информира дека во моментов напредува изградбата на атмосферската канализација која ќе се наоѓа во средишното зеленило на булеварот Никола Карев на потегот од река Серава до раскрсницата со булеварот Словенија.

„Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти со правец од раскрсницата со булеварот Словенија кон клучката Момин Поток. За оваа делница конечно се пробива трасата“, напиша Ѓорѓиевски.






Градоначалникот вели дека во тек е отстранување на објектите кои се наоѓаат на трасата, со што се откочува целиот процес за изградба на новиот булевар.

Поврзани содржини