Наскоро и лекот „ремдесивир” во Македонија за пациентите со ковид-19

1,572

И пациентите во Македонија заболени од коронавирусот ќе се лекуваат со „ремдесивир“ – потврди министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашање на Плусинфо -дали и Македонија е дел од клиничката студија на СЗО наречена „Солидарност”, која се спроведува во повеќе од 90 земји и во која се тестираат следните лекови: ремдесивир, лопинавир/ритонвир, интерферон бета 1а и хлороквин/хидроксихлороквин? Ако сме дел од оваа студија, какви резултати дава лекот ремдесивир?

Министерот додаде:






– Да, и ние сме дел од оваа студија, а денес беа направени и последни административни процедури –  утрово во МАЛМЕД. И сега треба да стасаат сите лекови, кои согласно индикацијата ќе бидат ординирани на пациентите кои треба да ги примаат. Ние сме дел од студијата – рече Филипче.

 

Поврзани содржини