НАСКОРО ЌЕ СЕ ОБЕЛОДЕНИ ЗА ЛУКСУЗОТ И БОГАТСТВОТО НА ШИЛЕГОВ Стоилковски со најава до обвинителството

Обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. Се поинаку е соучество и злоупотреба, рече Стоилковски.

520

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов станал побогат за речиси половина милион евра во мандат, дека има луксуз поголем од примањата. 20 дена секој ден јавно се посочува дека Шилегов гради на диво, дека менува документи во Катастар во неработен ден во сабота, се посочува дека пријавил имот изградена луксузна вила од 300 м2 со четири пати помала вредност, дека има коли од 130.000 евра, коишто не се пријавени во анкетниот лист, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој повтори дека 20 дена ги повикува општината и државата да ги проверат наводите за Шилегов.






– Ова е режим, ова е диктаторство на мафијата, во која сите институции се во погон на изборната кампања на Петре Шилегов. Срамно, понижувачки, недостоинствено бегаат од камери, бегаат од одговори. Петре Шилегов е завршена приказна. Обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. Се поинаку е соучество и злоупотреба. Истовремено ги повикувам на внимателно следење на информациите во следните денови, бидејќи ќе стане јасно како Петре Шилегов, иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и со луксузен недвижен имот – рече Стоилковски.

 

Поврзани содржини