НАСКОРО ЌЕ ИМА МИР МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН Трамп кажа дека се одржуваат многу повици и состаноци

Се одржуваат многу повици и состаноци. Јас правам многу, а никогаш не добивам заслуги за ништо, но тоа е во ред, народот разбира. Да го направиме Блискиот Исток повторно голем!, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп.

325

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Трут сошал (Truth Social).






„Иран и Израел треба да постигнат договор и ќе постигнат договор, исто како што ги натерав Индија и Пакистан да постигнат договор, во тој случај користејќи ја трговијата со САД за да внесам разум, кохезија и трезвеност во разговорите со двајца одлични лидери кои беа способни брзо да донесат одлука и да сопрат! Исто така, за време на мојот прв мандат, Србија и Косово беа во жесток судир, како што е со децении наназад, и овој долгогодишен конфликт беше на работ да прерасне во војна. Јас го сопрев тоа (Бајден ги уништи долгорочните перспективи со некои многу глупави одлуки, но јас ќе го поправам тоа, пак!). Друг пример се Египет и Етиопија и нивната борба околу масивна брана која влијае врз величествениот Нил. Има мир, барем засега, поради мојата интервенција – и ќе остане така! Истото важи и за Израел и Иран – Наскоро ќе има мир! Се одржуваат многу повици и состаноци. Јас правам многу, а никогаш не добивам заслуги за ништо, но тоа е во ред, народот разбира. Да го направиме Блискиот Исток повторно голем!“, напиша Трамп.

Објавата на претседателот на САД доаѓа по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел што трае веќе трет ден.

Израел во петокот изврши голем воздушен напад врз иранските нуклеарни и воени цели, во кој беа убиени високи ирански воени функционери и научници. Како одговор, Иран лансира серија балистички ракети врз Израел.

Конфликтот предизвика меѓународна загриженост поради можноста од поширока регионална војна.

Трамп по запонувањето на израелскиот напад врз Иран изјави дека неговата администрација била свесна за плановите на Израел и се обидела да го охрабри Техеран да бара дипломатско решение пред ескалацијата на конфликтот.

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Поврзани содржини