НАСКОРО ЌЕ ИМА КРИВИЧНА ЗА „БОМБИТЕ“ ЗА ГРУПА ЛИЦА Спасовски вели дека истрагата вродува со плод

Според министерот има сериозен напредок и се добиваат податоци и информации во истрагите за сите институции каде имаше хибридни напади, а дека биле потребно време и меѓународна правна помош за да се обезбедат информациите.

958

Кривична пријава против група лица кои меѓусебно се поврзани со дојавите за бомбите во училиштата низ Македонија најави министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Во интервју за Радио Слободна Европа тој потврди дека освен кривичната за еден малолетник ќе следува и друга пријава за тероризам.

– Ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа се геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата – вели Спасовски.






Според министерот има сериозен напредок и се добиваат податоци и информации во истрагите за сите институции каде имаше хибридни напади, а дека биле потребни време и меѓународна правна помош за да се обезбедат информациите.

Освен во училиштата дојави за бомби имаше и на скопскиот аеродром, во спортски сали, трговски центри, јавни институции и на други јавни локации.

Поврзани содржини