НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЦИВИЛИ МОРА ВЕДНАШ ДА ЗАПРЕ Премиерот на Твитер го изрази својот шок од снимките во Буча
Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!, напиша Ковачевски на Твитер.
Премиерот Димитар Ковачевски утрово на Твитер објави дека се шокирани од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили.
„Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!“, напиша Ковачевски на Твитер.