НАСИЛНО Е УКРАДЕНА СПОМЕН-ПЛОЧА ОД ЖЕНА ПАРК Била откорната од Споменикот на култура посветен на Егејците
Плочата е дел од меморијалната поставка, која им оддава почит на иселените и прогонетите Македонци од Егејска Македонија, и се смета за споменик на култура со посебно историско значење.
Непознат сторител со употреба на сила одзел спомен-плоча од Споменикот на култура, посветен на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, поставен во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје, а од страна на надлежните служби се преземаат мерки за расчистување на настанот и за пронаоѓање на сторителот.
Плочата е дел од меморијалната поставка, која им оддава почит на иселените и прогонетите Македонци од Егејска Македонија, и се смета за споменик на култура со посебно историско значење.
Од МВР не се наведуваат дополнителни детали за моментот на инцидентот, но од Министерството потврдуваат дека истрагата е во тек.