ЗУЛУМ ВО БЕРБЕРНИЦА – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид. Тој, на 03.08.2020 год. во берберница лоцирана на улицата „Даме Груев“ во Охрид, започнал вербална расправија со Д.Д. (24) и Д.Д.(25), двајцата од Охрид, по што физички ги нападнал со остар предмет.
НАСИЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ – На 05.08.2020 во 18.45 часот во СВР Скопје, Р.Х.(31) од Скопје пријавила дека околу 17.40 часот во казино во трговски центар во Скопје, по претходно недоразбирање, била физички нападната од лице вработено како обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТУПАНИЦИ НА ПЕШАЧКИ – На 06.08.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, Г.В.(29) од Скопје пријавил дека околу 01.30 часот, на пешачки премин на ул.„Цветан Димов“, бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО САРАЈ – На 06.08.2020 во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(21) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 00.10 часот на ул.„20“ во с.Сарај бил физички нападнат од К.Н. и уште едно лице, и двајцата од с.Грчец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАТЕПАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ – На 05.08.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, 17-годишник од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“, додека бил со двајца свои малолетни познаници, две непознати лица кои биле со патничко возило „бмв“, физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
КАЗНИ ЗА МОТОЦИКЛИСТИ – На 05.08.2020 во периодот од 17.00 до 23.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Штип, на подрачјето на СВР Штип е спроведена акциска контрола на мотоцикли, при што се откриени и соодветно санкционирани 32 прекршоци.
СРБИН СЕ ШВЕРЦУВАЛ ПРЕКУ ГРАНИЦА – СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце се обидел да влезе во Република Северна Македонија без притоа да поседува ПЦР тест не постар од 72 часа, но бил вратен од страна на надлежните служби. Потоа, остварил илегален влез во Република Северна Македонија, каде се задржал до 04.08.2020, кога на Граничниот премин Табановце сакал да оствари излез и да се врати во Р.Србија. При извршен преглед од страна на надлежните било констатирано дека лицето не е во евиденцијата за остварен влез во Република Северна Македонија. Со ова пријавениот постапил спротивно на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид–19, донесена од Владата на Република Северна Македонија, со која не е дозволен влез на државјани на Р.Србија, Р.Косово, Р.Црна Гора и Р.Босна и Херцеговина без приложена медицинска потврда со негативен резултат за ковид–19.
ИСЧЕЗНАТА МАЛОЛЕТНИЧКА – На 06.08.2020 околу 02.30 во СВР Скопје, Н.А.(42) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека неговата внука А.А.(13) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ПУКОТНИЦИ ВО ДЕБАРСКО – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(62) од струшкото село Октиси. Тој, на 19.07.2020 во 16.50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба во куќа сопственост на Е.Е. од истото село, испукал 7 куршуми од пиштол „застава М-57“ калибар 7.62 мм, кој го поседувал со дозвола.
СИЛУВАНА СКОПЈАНКА ВО ОХРИД – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 04.08.2020 во 01.30 часот во соба во хотел во Охрид извршил обљуба врз 32-годишна скопјанка.
(Дел од Билтенот на МВР од 06.08.2020 година)