НАСИЛНИЦИ ОД СТУДЕНИЧАНИ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛЕ КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ Ги попречиле во вршењето на службата

Полицајците запреле возач од Студеничани, кој возел без дозвола, но дошле две возила со неколку лица од Студеничани за да го „одбранат“.

114

На подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, вчера при контрола на Н.И.(22) од село Студеничани, скопско, констатирале дека тој управувал возило без да поседува возачка дозвола.

По кратко време на местото дошле две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






Истиот ден во 16:35 часот на автопат кај клучка„Хиподром”, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Ј.(26) од село Студеничани, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во Билтенот.

Поврзани содржини