НАШОЛ КОЈ ДА МИ БАРА ОСТАВКА Борисов не е достоен, тој е човек кој се фотографираше со стотици илјади евра и со златни прачки, посочи Николоски
Прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене... Јас го кажав тоа, човек, којшто беше сликан со прачки злато и стотици илјади евра до него, да зборува за моја оставка, извинете, но не е достоен за таа работа, рече македонскиот вицепремиер, Александар Николоски.
„Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е странска држава да бара од потпретседател на Влада и министер да бара да си поднесе оставка. Тоа никаде го нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е директен упад во внатрешни односи на една држава“.
Ова го изјави македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на Дневникот на телевизија Сител во однос на барањето на неговата оставка од страна на бугарски политичари, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој додаде дека ова што го направи Бојко Борисов во случајов само покажува што всушност тие сакаат, а тоа е да ги водат политичките процеси во Македонија и да диктираат.
Посочи дека од оваа перспектива не е ни за чудење што има информација, која што излезе пред неколку години кога се случи фамозниот Француски предлог, дека сакаат да ги бираат обвинителите во Македонија.
– Така што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене… Јас го кажав тоа, човек, којшто беше сликан со прачки злато и со стотици илјади евра до него, да зборува за моја оставка, извинете, но не е достоен за таа работа – рече Николоски.
Николоски истакна дека во Бугарија има една екипа од дваесетина личности кои што се обидуваат да ги расипат пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија и меѓу блиските македонски и бугарски народ.
– Таа екипа од 20 политичари и историчари успеа да уништи добри односи помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи и имаат добри односи. Дваесет политичари и историчари Бугари успеваат да ги уништат тие односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво поради овој пристап кој што го имаат – истакна Николоски“, се наведува во соопштението на партијата.