„НАШИТЕ МИСЛИ И МОЛИТВИ СЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“ Мицкоски го осуди атентатот врз Трамп

Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

549

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го осуди атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп велејќи дека тоа е кукавички чин. Тој му посака брзо закрепнување на Трамп:

„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.






Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.

Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ“, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Поврзани содржини