НАШИТЕ ДЕЦА СЕ МЕТА НА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ Џорџ и Амал Клуни молат да не се објавуваат фотографии од нивните деца

Клуни рекол дека работата на неговата сопруга, која вклучува работи против екстремистички групи, значи дека тие мора да преземаат мерки на претпазливост за да го заштитат семејството.

1,269

Познатиот холивудски актер Џорџ Клуни (60) апелираше до медиумите да ги држат лицата на неговите деца подалеку од печатот, велејќи дека стравува дека јавните фотографии ќе ги загрозат нивните животи.

Клуни, кој ги ма четиригодишните близнаци со сопругата, адвокатката за човекови права Амал Клуни, во отворено писмо до медиумите рече дека прифаќа дека често наметливите фотографи се дел од цената што треба да ја плати бидејќи е славна личност, објави Ројтерс.






„Нашите деца не се обврзаа на такво нешто“, напиша тој во писмото објавено доцна синоќа.

Холивудскиот актер Џорџ Клуни преку отворено писмо ги замоли медиумите да не објавуваат фотографии со лицата на неговите две деца.

Оскаровецот вели дека такви фотографии ги загрозуваат животите на неговите деца поради професијата на неговата сопруга. Амал Клуни е адвокатка за заштита на човекови права, поради што, како што наведува актерот во писмото, е мета на терористички групи.

Клуни рекол дека работата на неговата сопруга, која вклучува работи против екстремистички групи, значи дека тие мора да преземаат мерки на претпазливост за да го заштитат семејството.

„Не можеме да ги заштитиме нашите деца доколку некоја публикација ги стави нивните лица на насловната страница“, истакна Клуни и додаде дека никогаш не продале фотографија од своите деца, дека ги нема на социјалните мрежи и дека никогаш не објавуваат фотографии бидејќи тоа би ги загрозило нивните животи.

Неговото писмо го објавија повеќе угледини медиуми, како „Вараети“, „Холивуд репортер“ и „Дедлајн“.

Клуни вели дека тој и неговата сопруга не користат социјални медиуми и се заштитнички настроени кон приватноста на нивните четиригодишни син и ќерка.

Поврзани содржини