НАШИОТ СТАВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Е НЕПРОМЕНЕТ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не е поканета на разговорите што ги споменува Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека досега имало неформални координации, но оти смета дека оваа година треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати.
ВМРО-ДПМНЕ досега не добило покана за какви било разговори за уставните измени, но нема да одбијат средба за тоа иако ќе повторат дека нема да поддржат уставни измени.
Според ВМРО-ДПМНЕ овој состав на власта нема мандатот за таква работа.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека досега имало неформални координации, но оти смета дека оваа година треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати.
-Јавни дебати во коишто ќе бидат вклучени и политичарите, ќе бидат вклучени и невладините организации, експертите, новинарите, јавноста, за да разговараме кои се аргументите контра и про уставни измени – рече Османи.
Тој оцени дека треба да се направи разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измените се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени.