НАШИОТ ЕНИС БАРДИ ПОСТИГНА ГОЛ ПРОТИВ ВАЛЕНСИЈА Трет погодок сезонава за македонскиот репрезентативец

Барди погоди во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме и на Леванте му донесе победа над Валенсија со 4:3.

496

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди се запиша во списокот на стрелците на синоќешниот дуел на неговиот тим Леванте со градскиот ривал Валенсија. Натпреварот заврши со победа на Валенсија 4:3, а Барди погоди во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

По 18 одиграни натпревари Леванте се наоѓа на последното место во Ла Лига со само осум бодови и без ниту една победа.






За Барди ова беше трет гол во шпанското првенство оваа сезона. Претходно два пати ја затресе мрежата на Атлетико Мадрид.

Валенсија е седма со 28 бода.

Поврзани содржини