НАШАТА ВОЈСКА ПУКАШЕ НА НАС Руски резервисти откриваат што се случило при повлекувањето (ВИДЕО)

Војникот што зборува на видеото се претстави како Владимир Андрејевич Гурин. Рече дека останале малкумина, дека биле исцрпени. Според него, командата на единицата заминала, а сега се обидуваат да ја организираат четата и сами да командуваат.

712

Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека биле испратени да се борат во близина на селото Макијевка во областа Луганск, која беше ослободена од украинската армија во ноември, без соодветна обука и воена опрема, а исто така дека при повлекувањето врз нив било пукано од нивните трупи.

Во видео објавено на каналот на Телерграм – ВЧК-ОГПУ, еден од војниците вели дека претрпеле големи загуби. Тој вели дека преживеаните моментално се во воениот камп во Бараниковка во областа Луганск. Регрутите се вселиле во трошна куќа, а како што вели човекот на видеото, „не знаат што да прават“. Зградата каде што се стационирани нема струја, ниту прозорци, а мажите немаат што да јадат.






Војникот што зборува на видеото се претстави како Владимир Андрејевич Гурин. Рече дека останале малкумина, дека биле исцрпени. Според него, командата на единицата заминала, а сега се обидуваат да ја организираат четата и сами да командуваат.

Гурин спомнува и борец кој се претставил како Точка и ја поделил четата на две единици. Првата единица од 60 луѓе заминала да се бори за Макијевка и не се вратија сите. Регрутите се пожалија и дека им било кажано да не носат ништо со себе, дека завршиле во лоши униформи и дека не знаат каде ќе ги пратат.

По делумната мобилизација во Русија, на социјалните мрежи беа објавени многу видеа на кои војниците се жалат на недостиг на обука, несоодветна опрема и некомпетентно раководство. Некои покажуваат и застарена опрема и оружје од ерата на Советскиот Сојуз. Но, Кремљ одлучи да ги запре граѓаните кои објавуваат информации за состојбата на армијата, а во моментов се подготвува нов закон кој треба да воведе уште поголема цензура на медиумите.

Поврзани содржини