НАШАТА ВИЗИЈА Е МАКЕДОНСКО НА МАКЕДОНСКАТА ТРПЕЗА Мицкоски повика граѓаните да купуваат домашни производи

На настанот 25 општини од државава ги претставуваат своите домашни производи помеѓу кои има разни винарници, пекари, мед и рачни изработки. 

308

Македонија има потенцијал и тоа не е фраза, тоа е факт. Имаме сонце, имаме вода, имаме плодна почва. Но пред се имаме луѓе. Луѓе кои не се плашат од рани зори, од кал на рацете, од работа до доцна навечер. Тие се вистинските херои на нашето време. Тие се столбот на економијата, на традицијата и на иднината – рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ која се одржува во Скопје.

Тој потенцираше дека земјоделството е стратешки приоритет на Владата, нагласувајќи дека во изминатите единаесет месеци се исплатени над 8 милијарди денари во субвенции и финансиски поддршки кон земјоделците.






-Ова не се празни зборови, ова се конкретни дела. Ова се податоци кои говорат за еден нов пристап, нова енергија и јасна визија: да го подигнеме агросекторот, да ги мотивираме младите, да ја дигнеме довербата на земјоделецот – рече премиерот.

Тој ги повика ги граѓаните да ја поддржат домашната продукција со купување македонски производи.

– Нашата визија е „македонско на македонската трпеза”.Да создадеме економија на храна која е одржлива, извозно ориентирана, но и задоволна. Да ги поддржиме локалните производители, од најмалото село до најголемата задруга – рече Мицкоски.

На настанот 25 општини од државава ги претставуваат своите домашни производи помеѓу кои има разни винарници, пекари, мед и рачни изработки.

Настанот, кој го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да ја промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.

Поврзани содржини