НАШАТА ОДБРАНА СЕ ДРЖИ, НО СИТУАЦИЈАТА Е НЕОПИСЛИВО ТЕШКА Зеленски е убеден дека ќе ги поврати загубените територии

- Не верувам дека можеме да си вратиме целата наша територија со воени средства. Ако решиме да одиме по тој пат, ќе загубиме стотици илјади луѓе, рече Зеленски.

715

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вели дека ситуацијата е неописливо тешка на истокот на земјата, каде што руските сили напредуваат изминатите денови.

– Ситуацијата е многу комплицирана, посебно во некои области во регионите Донбас и Харков, каде што руската армија се обидува да дојде до некаков резултат – кажа Зеленски во редовното обраќање.






Руските сили ги засилија нападите на Севернодонецк вчера откако соопштија дека го зазеле блискиот град Лиман.

– Но, нашата одбрана се држи. Неописливо е тешко таму – додаде Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, кажа дека не верува дека Украина може со воени средства да си ја врати целата територија окупирана од Русија од 2014 година наваму.

– Не верувам дека можеме да си вратиме целата наша територија со воени средства. Ако решиме да одиме по тој пат, ќе загубиме стотици илјади луѓе – рече Зеленски.

Зеленски е убеден дека Украина на крајот ќе ги врати сите загубени територии.

Поврзани содржини