Нашата црква на Нашата земја

Бадијала се и обидите на српскиот патријарх Порфириј безболно да нѐ извлече од шизмата, внимателно да нѐ внесе во канонското единство и да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, без притоа да ни поставува никакви услови поврзани за името на црквата, за дијаспората, или за што било друго.

2,552

Веќе не вреди човек да си го поставува прашањето дали Македонската православна црква (МПЦ-ОА) ќе го задржи „тоа на М“ во своето име или ќе мора да ја „жртвува“ придавката и да се преименува во Охридска архиепископија како дел од преговорите со Вселенската патријаршија во Цариград.

Можеби само јас касно палам, ама ова прашање било прецизно одговорено, договорено и веќе почнало да циркулира во високите црковни кругови уште многу одамна. Всушност, било договорено уште пред македонските владици на чело со архиепископот г.г. Стефан да заминат на средба, односно на заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул. Да се смени името на црквата било договорено уште пред да започнат интензивните преговори со Српската православна црква (СПЦ) и уште пред да се случи историската заедничка литургија во белградскиот храм „Св. Сава“ помеѓу архијерејите на СПЦ и на МПЦ-ОА. Да се смени името на црквата било договорено…






И веќе нема назад. Бадијала се и обидите на српскиот патријарх Порфириј безболно да нѐ извлече од шизмата, внимателно да нѐ внесе во канонското единство и да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, без притоа да ни поставува никакви услови поврзани за името на црквата, за дијаспората, или за што било друго.

Ние, едноставно, имаме зацртано друга агенда. Или поточно кажано, некој нам ни има зацртано друга агенда. И тука нема мрдање. Кога тие ќе извикаат „во строј!“, сите ние мора да се наредиме како попчиња. Па дури и да нѐ стрелаат.

А дури сега сфаќам зошто во изминатиов период засрамено молчеа македонските владици, кои отсега најверојатно ќе бидат „охридски“. Сега разбирам зошто во изминатиов период ми велеа мене, а верувам и на другите мои колеги кои се занимаваат со црковна политика: „Те молам, во името на Бога, не прашувај ништо, оти забрането ни е да зборуваме“. А тие веќе да ти биле наредени во строј како попчиња! А баш требаше да ни стане сѐ јасно кога поглаварот Стефан во Цариград викендов беше претставен како „охридски архиепископ“.

Ништо. Дозволивме да загубиме уште едно име. Со здравје да си го носиме новото. Но, дали тука ќе биде крајот? Оти, имаме и дијаспора за давање, а веќе има и сериозни кандидати за земање…

Поврзани содржини