НАШАТА ЦЕЛ Е ВЛАДА БЕЗ ДУИ Милошоски тврди дека постои кохезија во ВМРО-ДПМНЕ

Нашиот апел е за да имаме постабилна влада, бидејќи е сигурно дека СДСМ и ДУИ ќе загубат на изборите, најдобро е луѓето да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме што поголем број пратеници за да можеме да ја оствариме нашата цел, а тоа е формирање нова влада без ДУИ, изјави Милошоски во гостување на ТВ Алфа.

1,226

Самата политичка партија ДУИ, немајќи други понуди од економскиот сектор како да им го подобри животот на граѓаните во Тетово, Гостивар, Скопје, Струга и на други места, сега гледа да ја префрли топката кај опозицијата и се обидува на секој можен начин да најде домашни или надворешни актери коишто можат да влијаат на одредена фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.






– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена од тоа што е денес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно од тоа што е денес. Затоа, нашиот апел е за да имаме постабилна влада, бидејќи е сигурно дека СДСМ и ДУИ ќе загубат на изборите, најдобро е луѓето да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме што поголем број пратеници за да можеме да ја оствариме нашата цел, а тоа е формирање нова влада без ДУИ – изјави Милошоски.

 

 

Поврзани содржини