НАШ ДИЏЕЈ СО МИЛИОНСКИ СТРИМОВИ НА СПОТИФАЈ Галоски зборува за сцената и за новите генерации (ВИДЕО)

„Лично јас не верувам во успех преку ноќ, за мене такво нешто не постои. Уште од самите почетоци првите лекции кои ги научив беа дека во животот никој нема на незаслужено да те однесе на повисоко ниво или да ти подари успех. Клучно е сам да се посветиш и фокусираш, да работиш напорно и можеби најбитно, да останеш доследен на своите цели и соништа“, вели Галоски за ПлусИнфо.

766

Клупскиот живот и светот на диџејството како да не заживеаа целосно во Македонија: за тоа требаат големи дискотеки, редовни журки и веројатно издавачи кои ќе бидат спремни да вложат во новите македонски имиња, но и многу, многу промоција.

Но, патот на еден наш диџеј не застанува дома – електрониката е глобален феномен и од диџејот автоматски се очекува да се пробие надвор. Тој треба да плива во морето од таленти кои веќе создаваат и објавуваат на Спотифај, Саунклауд, во подобри услови, со подобра почетна опрема …






И така, ненадејно доаѓаме до името на Галоски, диџеј и продуцент кој неодамна успеа да се најде на елитната светка 1001tracklist и тоа на 69-тото место, а неговите милионски преслушувања на Спотифај одекнаа преку океанот, а се надеваме и кај нас. Запрашан за неговите почетоци и професионален пат Галоски го става трудот на првото место:

– Лично јас не верувам во успех преку ноќ, за мене такво нешто не постои. Уште од самите почетоци првите лекции кои ги научив беа дека во животот никој нема на незаслужено да те однесе на повисоко ниво или да ти подари успех. Клучно е сам да се посветиш и фокусираш, да работиш напорно и можеби најбитно, да останеш доследен на своите цели и соништа – вели Галоски за ПлусИнфо.

Траките на Галоски ги пуштаат некои од најголемите имиња во моментот, како како Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Afrojack, Steve Aoki, Don Diablo, Alesso … Тие можат и да се најдат и на Јутјуб, кајшто уживаат голема гледаност. Многу млади артисти кај нас почнуваат со Јутјуб, а за Галоски тоа е добра вест:

– Секако дека има заработка, јас веќе познавам многу артисти од земјава кои единствена работа им е креирање содржини на Јутјуб каде што самата платформа плаќа за прегледите, рекламираш трети лица, фирми и продукти на својот канал, има различни начини за заработка – вели тој.

Но, можеби на македонските диџеи им фали и еден подобар буст на домашните радија. За странските диџеи тоа е битен момент. Познатото Би-Би-Си Радио, Кисс ФМ и други реномирани станици ги пуштаа во етерот изданијата на Галоски. Тој ja доби и поддршката од мултиплатинестиот гигант и хит-мејкер Jonas Blue.

Па сепак, за оние кои почнуваат во Македонија промовирањето сè уште не е лесно. Можеби проблемот е во тоа што луѓето дознаваат за музика претежно преку Јутјуб, а останатите платформи како Спотифај или Дизер не се застапени.

– Ако зборуваме за музика, во Македонија според анализите кои ги имам, луѓето сѐ уште слушаат обемно музика преку Јутјуб, но за да привлечеш одреден број на луѓе на твојот Јутјуб канал потребно е да ги обединиш и останатите социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ТикТок со кои креираш една моќна медиумска алатка поточно свој сопствен медиум каде што ја промовираш музиката или уметноста што ја креираш – смета Галоски, кој денеска на Твитер објави дека неговата „Thinkinkg about you“ е во топ 3 најслушани траки по песните на Тијесто и на Мартин Гарикс.

 

Нашите нови сили, сепак, се и те како присутни по интернетот. ПлусИнфо пишуваше за феноменот на новиот македонски рап, трап и за естрадата која од телевизиите се префли во Јутјуб-шоуа кои наеднаш се гледани и во регионот, па целиот феномен наликува на некое ново вмрежување на младите на Балканот.

– Многу се радувам за тоа како се развива домашната сцена и правецот во кој се движи. Има многу талентирани и креативни дечки кои ја разбираат моќта на социјалните мрежи, креираат различен вид на содржина и имаат милионски прегледи на истите – вели Галоски.

Македонската публика ќе има можност да го слушне и види Галоски на 30-ти меецов, на фестивалот Skopje Calling.

 

Поврзани содржини