Насер Зибери не стана премиер, ама стана нов народен правобранител

419

Кандидатот за премиер од ДУИ , Насер Зибери е новиот народен правобранител. Собранието поладне гласаше за изборот на Зибери за оваа функција. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери е правник, работи како нотар, поранешен пратеник и министер.

Пред гласањето на дневниот ред, пратеникот на Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, Сурија Рашиди, побара да се симне точката за избор на Зибери, за кого рече дека е кандидиран за функцијата од политички причини.„






Постапката за избор на народен правобранител беше спроведена крајно нетранспарентно, така што сега имаме кандидат кој е предложен од една од партиите на власт и кој само пред шест месеци одеше на избори како кандидат за премиер-изјави Сурија Рушиди Алијанса за Албанците.

Гордана Силјанова-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ го нарече „многу чуден предлог“ со кој  не му се прави добро ниту на кандидатот и неговата кариера.  Од Рим до денеска, рече таа, народен правобранител е аполитична функција и не е важно дали имал пауза во политичкиот живот кога веќе бил министер, пратеник и кандидат за премиер.

– Неприродно е довчерашниот политички статус да се трансформира во граѓански, неутрален и професонален и статус кој треба да им служи на граѓаните да ги штити од лошата администрација. Нема да ги штити некој кој преку партискиот мост постојано ќе биде блиску до администрацијата, а извештаите за нашата администрација велат дека е партизирана, политизирана и поданичка. Ако сте партиски човек, ќе одите по таа траекторија – рече Силјановска-Давкова.

Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Бил висок функционер на ППД, а од 1996 до 1998  министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Пред да стане политичар, бил новинар. Повеќе години не е активен во политиката и работи како нотар, а за Парламентарните избори во јули минатата година беше кандидат на ДУИ за претседател на Владата, промовиран под слоганот „прв премиер Албанец“

Функцијата народен правобранител е испразнета подолго од еден месец. Иџет Мемети, кој 16 години ја извршуваше оваа функција, неколку дена пред истекот на неговиот втор мандат беше  избран зо член на Советот на јавни обвинители.

Поврзани содржини