Насер Зибери е изборот на Ахмети за премиер (ВИДЕО)

Тој денеска ѝ се обрати на јавноста од Преспа каде што партијата на Али Ахмети одржа промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

1,520

Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за првиот албански премиер на Македонија. Тој е политичар кој зад себе има три пратенички мандати, а беше и министер за труд и социјална политика.

Тој денеска ѝ се обрати на јавноста од Преспа каде што партијата на Али Ахмети одржа промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули.






Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар.

Во продолжение, проследете го неговиот настап.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја започна изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули, на промотивната Конвенција во Преспа го обелодени долгоочекуваното име за прв премиер Албанец во Северна Македонија, поранешниот пратеник и
потпретседател на Влада и ко-создавач на Охридскиот рамковен договор.

– По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност – истакна Ахмети.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери во неговиот говор со убедување истакна дека е дојдено време за потполна рамноправност.

– Ме изненади повикот на господин Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се изненадив, и нормално се почувствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но исто така е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко беше времето за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА – истакна Насер Зибери.

Поврзани содржини