НАСЕЛБИ ЗА МЛАДИ ПАРОВИ СО ПАРЦЕЛИ ОД ЕВРО ЗА КВАДРАТ Мицкоски предага објектите да бидат ослободени од комуналии
Треба да се размисли, да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат, не се женат и не се формираат многудетни семејства, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци.
Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови, со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци.
Честитки за сработеното до сега од градоначалникот Виктор Паунови да продолжи и понатаму со интензивна работа, рече Мицкоски.
– Сметам дека треба да се размисли, да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат, не се женат и не се формираат многудетни семејства. Предалгам да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме согласно ингеренциите – вели Мицкоски.
Иако, рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.
– Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. Наместо со промоција, одат со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е, ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за 7 години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот – посочи Мицкоски.
Кандидатот Паунов рече дека „на овие избори ќе одлучиме дали нашата општина ќе продолжи да се развива или ќе се врати во сивото минато“.
– Уште кога ја превземав функцијата градоначалник пред четири години со голема одговорност и визија влегов на оваа функција. Четири години нашата општина Карбинци се менуваше, работевме заеднички, работевме посветено! Реализиравме проекти кои денес се видливи и се наша одлика за нашиот карактер! Не баравме изговори иако имавме три години централна власт која правеше опструкции, туку едноставно работевме – вели Паунов.
Тој забележа дека сега почнува едно поглавје кое ќе биде продолжение на посветеност, во насока на континуитет на промените кои ги имаат донесено, со многу нови проекти и програма која гарантира дека Карбинци ќе остане пример на Истокот.
– Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку столба. Обезбедување на нови 150 плацеви за домување, нова населба помеѓу селата Карбинци и Таринци која ќе го добие името Вршник, според историската населба во атарот на селото Таринци. Проект со кој општина Карбинци ќе обезбеди бесплатни проекти за типски куќи, бесплатни комуналии и целосна инфраструктура која ќе ја изградиме во оваа населба. Можност за сите да останат во нашата општина. Ќе изградиме нова спортска сала со која ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци и ќе обезбедиме можност за оддржување на натпревари – вели Паунов.
Најави и дека ќе се изгради велосипедска патека долж регионалниот пат од Таринци до Карбинци во должина од 1,8 км, со тенденција да се продолжи до локалитетот Баргала, со дополнителни 4,8 км. Паунов вели дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години. Клучниот патен правец село Карбинци до село Радање целосно ќе биде реконструиран во должина од 4,5 км, како и главната улица во селото Радање.
Пратеникот во македонското Собрание, Драган Ковачки истакна дека на овие избори е важно на кого граѓаните ќе ја дадат довербата.
– На луѓе од народот, кој живеат со вашите проблеми, истите ги решаваат, или на луѓе кои други работи им се поважни во животот. Виктор Паунов е градоначалник кој во изминатиот период се докажа, како чесен, работлив, посветен и човек кој реализира проекти. Сепак сите знаеме дека локалната власт не може да носи големи промени, за тоа е потребна силна поддршка. Потребна е стабилна Влада и водство кое знае да отвара врати и да обезбедува средства, односно да создава можности – вели Ковачки.