НАСА ТЕСТИРА ЛЕТЕЧКИ ТАКСИЈА Имаат шест ротори, личат на големи дронови ВИДЕО

Тестирањето, кое ќе трае до 10 септември, користи летало кога засега е наречено „eVTOL“ (сè уште не е дефинитивно крстено) од компанија наречена Joby, која ја развива оваа технологија со НАСА повеќе од 10 години. Планирано е леталото да не прави никаква бучава.

406

НАСА успешно тестираше летачко такси со шест ротори кое личи на голем дрон, а планот е истите во иднина да се произведуваат како стандардна електрична летечка кола, пренесува НаученАларм. Малку е познато дека НАСА освен што се занимава со вселената, развива и технологии за авиони, а еден од проектите бил и „Advanced Air Mobility (AAM)“ – кампања за тестирање на технологија за самоодржливи дронови.

Најновата пресвртница во таа кампања беше тестирањето на електричен вертикален хеликоптер за полетување и слетување (eVTOL) наменет за евентуална употреба како воздушно такси.






Видете го „eVTOL“ на Joby подготвен за полетување во базата во Калифорнија.

Тестирањето, кое ќе трае до 10 септември, користи летало кога засега е наречено „eVTOL“ (сè уште не е дефинитивно крстено) од компанија наречена Joby, која ја развива оваа технологија со НАСА повеќе од 10 години.

Ова е прва рунда тестирања со овој нов тип авиони. НАСА има ригорозен план за тестирање, вклучувајќи собирање податоци за движењето на возилото, бучавата и комуникацијата во различни форми на летање.

Нема да има бучава, го следиме леталото со 50 микрофони

За да соберат дел од податоците, истражувачите мораа да развијат еден вид на мобилен акустичен центар што може да го следи авионот со 50 различни микрофони и да собира податоци за бучавата што ќе ја направи.

Бучавата е важен фактор во усвојувањето на автономниот лет на „eVTOL“. Никој не би бил среќен кога леталата за испорака ќе полетаат во нивниот двор, ако ја создадат иста бучава како еден млазен мотор.

Прописите во Америка ќе ја успорат работата

Но, јавното прифаќање не е единствениот фактор што влијае на тестирањето.

Друг фактор се прописите за летање во САД. Иако не е директно одговорна за регулирање на автономниот лет, НАСА е клучен партнер на Федералната воздухопловна администрација (ФАА). Тоа значи дека НАСА мора да почитува сè што предвидуваат прописите.

Некои технолошки активисти веќе изразија загриженост дека ФАА го попречува развојот на американските компании, додека конкурентите на НАСА во други земји, кои се занимаваат со вакви летала, поминуваат подобро.

Поврзани содржини