НАСА испраќа летало на Јупитер со цитати од Битлси (ВИДЕО)

Не мора да бидат вонземјани тие што ќе ја пронајдат Луси, објаснуваат научниците. Тоа можат да бидат и идни човечки астронаути кои ќе го пронајдат леталото после многу години. За астронаутите да ја дознаат подобро историјата на сопствениот род, тие ќе можат да слушнат говори на познати лидери за граѓански права, Нобеловци, поети, луѓе кои го направиле човештвото она што е денес.

352

Леталото „Луси“ на НАСА ќе ги истражува дијамантските дождови на Јупитер, како во песната „Lucy in the Sky with Diamonds“ од Битлси, а во својот „багажник“ ќе носи цитати од Битлси, и од разни музичари и светски личности, во случај да го пронајдат вонземјани, пишува Футуризам.

Слично како и кај други свои летала за кои НАСА знае дека никогаш нема да се вратат од својата мисија, инженерите оставаат „пораки во шише“ за некоја идна цивилизација да знае какво и што било човештвото. Таква беше познатата сонда Војаџер во која на златна плоча беа ставени слики од маж и жена и звук на кит, меѓу другото. Војаџер беше испратен да го напушти Сончевиот систем и да влезе во меѓуѕвездениот простор.






Погледнете го целото видео од НАСА во кое се објаснува мисијата на Луси:

Не мора да бидат вонземјани тие што ќе ја пронајдат Луси, објаснуваат научниците. Тоа можат да бидат и идни човечки астронаути кои ќе го пронајдат леталото после многу години. За астронаутите да ја дознаат подобро историјата на сопствениот род, тие ќе можат да слушнат говори на познати лидери за граѓански права, Нобеловци, поети, луѓе кои го направиле човештвото она што е денес.

„Луси“ на Јупитер ќе истражува како започнал универзумот, а за тоа ќе треба да ги проучи Тројанските астероиди. Ако некој ја пронајде, во нејзе ќе има и мапа од Сончевиот систем, односно како тој изгледал на денот на нејзиното полетување – 16 октомври оваа година.

Во продолжените можете да ја слушнете петчасовната златна плоча која ја содржи леталото Војаџер 1 со разни звуци од сите делови на светот. Војаџер 1 полета во 1977 година, кога уште немаше цедиња и USB-портови:

Поврзани содржини