НАСА ќе лансира ровер на Марс

292

НАСА денеска ќе лансира ровер од новата генерација „Упорност“ (Perseverance) на Марс, што ќе ги истражува трагите од потенцијалниот некогашен живот.

Лансирањето ќе биде од Кејп Канаверл на Флорида во седум часот и 50 минути по локално време, а роверот на Марс треба да пристигне во февруари следната година.






– Ова е деветтипат да слетуваме на Марс, имаме искуство – изјави Џим Бриденстајн од НАСА.

Мисијата чини 2,4 милијарди долари.

Поврзани содржини