НАСА ЈА ЛАНСИРАШЕ „ЛУСИ“ Леталото ќе ги истражува астероидите околу Јупитер (ВИДЕО)

Нема да ѝ биде лесно на Луси. Таа во првите две години ќе кружи околу Земјата само за да добие доволни сила и моментум за да одлета кон Јупитер, а таму ќе се сретне со Тројанците – астероидите околу Јупитер кои личат на дијаманти. Но и самото небо на Јупитер е шарено поради неговите јаки олуи.

566

„Луси во небото со дијаманти“ беше песната на Битлси според која е крстено новото летало на НАСА кое само што беше лансирано да истражи осум различни астероиди во близината на Јупитер, пишува ИнтересноИнженерство. Мисијата од 981 милион долари ќе трае цели 12 години, а Луси ќе трага по материјалот од кој биле направени планетите во Сончевиот систем, а за кој се верува дека е распрскан по овие астероиди.

 






Нема да ѝ биде лесно на Луси. Таа во првите две години ќе кружи околу Земјата само за да добие доволни сила и моментум за да одлета кон Јупитер, а таму ќе се сретне со Тројанците – астероидите околу Јупитер кои личат на дијаманти. Но и самото небо на Јупитер е шарено поради неговите јаки олуи.

Но, има уште една Луси која била инспирација за името на леталото: првата фосилизирана жена во историјата најдена од антрополозите.

„Мисијата го доби името од фосилизираниот човечки предок (првата жена наречена „Луси”од антрополозите), чиј скелет обезбеди уникатен увид во еволуцијата на човештвото. Исто така, мисијата Луси ќе го револуционизира нашето знаење за планетарното потекло и формирањето на Сончевиот систем“, се вели во соопштението на НАСА.

Луси ќе го достигне својот прв астероид во април 2025 година, именуван по Доналд Јохансон, американскиот антрополог кој ги откри фосилите на првата жена Луси. Ниту една сонда досега не била на овие астероиди.

Луси ќе ја користи гравитацијата на Земјата за да го заврши своето патување. Таа ќе ни овозможи да ги класифицираме астероидите во големиот астероиден појас кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер и тоа во три категории: темноцрвените Тројанци од типот Р и Д, како и типот Ц, астероиди кои се наоѓаат претежно во надворешните делови појасот.

Поврзани содржини