НАРУШУВАЊЕ НА ЕКОСИСТЕМОТ Е ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ ПРИРОДАТА И ЧОВЕШТВОТО Демократскиот сојуз со поддршка за граѓаните на Гевгелија

Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот. Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот - стои во реакцијата.

92

Демократскиот сојуз упати поддршка за граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф.

„Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот. Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот.






Тоа е злосторство против природата и човештвото.

Владата треба да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија“ – стои во реакцијата од Демократскиот сојуз.

Поврзани содржини