Народот во Црна Гора бара ослободување на владиката, полицијата испали солзавец ВИДЕО
Како што јавуваат црногорските медиуми, полицијата била принудена да употреби солзавец за да ја разбие толпата.
„Светињата мора да се брани“. Вака извикуваше народот во Црна Гора, кој вечерва масовно излезе на протест пред Центарот за безбедност во Никшиќ, барајќи ослободување на владиката Јоаникиј и осумте свештеници кои беа приведени поради организирање литија во време на коронакризата.
Како што јавуваат црногорските медиуми, полицијата била принудена да употреби солзавец за да ја разбие толпата.