НАРОДОТ ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Лефков цитира висока поддршка против предлозите

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања кон СДСМ и Венко Филипче, тврдејќи дека уставни измени под бугарски притисок не се прифатливи за мнозинството граѓани.

85

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција изјави дека над 80% од граѓаните не поддржуваат уставни измени „под диктат на Бугарија“, додавајќи дека ваквите измени ги промовира и поддржува само опозицијата.

Според Лефков, СДСМ и Венко Филипче „се ставиле на располагање на бугарските интереси“ и, како што рече, „одработуваат во интерес на други држави затоа што се уценети“.






Тој оцени дека ваквиот пристап е спротивен на интересите на граѓаните, кои, според него, сакаат европска интеграција на Македонија „со достоинство, интегритет и заштита на идентитетот“.

Лефков ги обвини СДСМ дека и во периодот кога беа на власт, како што рече, „ги ставале личните интереси пред државните“, наведувајќи дека тоа се гледа преку „распродадени државни интереси и лични придобивки“.

– Мекото ткиво во Македонија, предводено од Филипче и СДСМ, носи штета на државата – изјави Лефков.

Тој додаде дека граѓаните даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, „исправено претставување на македонската историја, култура, јазик и идентитет“.

Поврзани содржини