НАРОДОТ ПОСТИ, А ТИЕ СЕ ЛУКСУЗИРААТ И луксузните јавни набавки во време на пости го покажуваат безобразлукот на власта
Одговарајќи на новинарски прашања, Христијан Мицкоски рече тоа е тоа лицемерие на власта кое што ги разочарува граѓаните, а потоа истите граѓани ја губат надежта и велат дека сите политичари се исти.
„Тоа е уште еден доказ за безобразлукот на Владата на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ. Посебно во месец на Рамазански пости, во месец на Велигденски пости, да излегува еден ваков тендер, една ваква јавна набавка, кога навистина луѓето треба da се воздржат ако ништо друго. Бидејќи секако просечно, скромно македонско семејство, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци или останати, едвај кубури крај со крај да поврзи во месецот, а тие еве гледате како се луксузираат. А потоа ќе не убедуваат со јајцата, со пиперките, со доматите и слично“.
Ова го рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан на Унијата на млади сили на партијата, одговарајќи на прашањето на новинарите за луксузирањето на власта преку набавка на луксузна храна и пијалоци.
Мицкоски додаде дека тоа е тоа лицемерие на власта кое што ги разочарува граѓаните, а потоа истите граѓани ја губат надежта и велат дека сите политичари се исти.
За најавеното ревидирање на штотуку замрзнатите цени на производите, пак, Мицкоски рече дека тоа е „политичка гимнастика за потребите на ПР-от на власта“ која треба брзо да замине.
Мицкоски вети дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја развива Македонија на целата територија и има намера 250 милиони евра годишно да вложува од централниот буџет за општините.
Во врска со прашањето на уставните измени, Мицкоски беше категоричен:
– Во овој парламентарен состав уставни измени нема да има, вчера го затворив прашањето за уставните комисии, денеска го затворам прашањето за уставните промени. Притисоци има, ова не е бајка. Ако некој мисли дека со притисок нешто кај мене ќе постигне, се лаже, такво нешто нема да се случи. Јас сум свесен дека тоа ќе продолжи и понатаму. Но, ќе повторам, промена на уставот во овој парламентарен состав нема да има. Свесен за политичката цена којашто можеме да ја платиме, излеговме во јавноста и дадовме предлог, предлог кој што тие го дадоа, а тоа е хрватскиот модел на уставната преамбула. И рековме, еве, го прифаќаме, ајде господа повелете да видиме кој е европеец, а кој не е европеец. Ги извадивме на чистина, на виделина излегоа сите лаги сите клевети колку е Ковачевски европеец, колку е Стево Пендаровски европеец, колку е Али Ахмети европеец. Тоа јавноста можеше да го види. И тука завршува се. Јас тука ја затворам оваа тема. Вчера ја затворив темата за комисиите, денеска ја затворам за уставните измени – нагласи Мицкоски.