Народна банка нуди повеќе мерки за помош на компаниите

839

Народната банка донесе неколку мерки со кои ќе им овозможи на компаниите полесно да ја поминат кризата, а банките да можат полесно да даваат кредити.

Како што рече на денешната прес конфернеција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска донесени се неколку мерки.






– Мерка за ставање во функција на инструмент за секторска поддршка. Значи дека сите нови кредити одобрени на погодени сектори и реструктуираните кредити ќе биде одбивна ставка. Ослободување на ликвидност на банките во кредитирањето. Одложување на примената на мерката за управување со ризици за да оставиме простор банките да бидат свртени кон бизнисот – рече Ангеловска Бежовска.

Таа појасни дека самото реструктуирање значи промена на договорните услови за кредитрање, што може да значи намалуање на каматна стапка, одобрување на грејс период, одложување на рокот на отплата на кдитите и слично.

Ангеловска Бежовска информира дека се работи и на мерка со која потаргетирано ќе се влијае на одредени сектори за олеснување на реструктурирање на кредитите, одново склучување како намалување на ставката. Одлуката се разгледува со банкарскиот систем.

Гувернерката рече дека моментално земјава има стабилен банкарски систем и стабилен девизен курс на денарот.

Поврзани содржини