Народна банка: Нема законска можност да се повлече решението за Еуростандард банка

Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката

625

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка, реагираше Централната банка на барањето на сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски да го повлече решението бидејќи тој има инвеститор за банката.

– Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка – велат од Народна банка.






Оттаму додаваат дека при остварување на законски утврдените цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.

Поврзани содржини