Народна банка на Србија ќе преземе мерки ако Тесла биде на хрватското евро

639

Ако Хрватска ја реализира најавата за ставање на ликот на Никола Тесла како еден од симболите на хрватската евро монета, Србија сигурно ќе преземе соодветни мерки, порачале од Народната банка на Србија.

– Народната банка на Србија мисли дека евентуалното ставање на Никола Тесла на националната страна од евро монетата, ако Хрватска стане членка на Еврозоната во следниот период, ќе претставува присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ со оглед на тоа дека е неспорно дека славниот научник во текот на својот живот се изјаснувал како Србин по потекло и по род. Во врска со тоа, сосема е сигурно дека ќе бидат преземени соодветни активности кон надлежните институции на ЕУ за да се укаже за непримерноста на таквиот предлог – изјавиле од банката за Телеграф.

Поврзани содржини