НАРОДНА БАНКА ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА НА БАНКАРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ Славески очекува банките да го намалат трошокот на граѓаните при плаќање во денари и евра
Гувернерот сооопшти и дека Советот на Народната банка, во својата област на дејствување воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија.
Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) кој ќе стартува од 1 август, информира денеска гувернерот Трајко Славевски.
Тој рече дека со ова се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања на банките кон Народна банка и отвора можност за намалување на надоместоците на банките кон нивните клиети.
-Очекуваме банките да покажат разбирање за јавниот интерес и за придобивките за економијата во целина од едноставните, лесно достапни и евтини платежни услуги во државата. Новиот модел го поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај Народна банка, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните- рече Славески.
Тој додаде дека банките треба да ги слеат сингланиле на Народна банка и да ги намалат надоместоците не само за електронските плаќања, туку и да направат дополнитлени намалувања на обврскитен на граѓаните кон банките.
-Не даваме никакви рокови, станува збор за одговорни субјекти кои треба да ги ревидираат своите тарифи и мислам дека повеќето од нив тоа го работат во моментот – рече Славески.
Во спротивно, како што рече, има начини и идеи како да се постапи во иднина.
– Како НБ се разликуваме од банките во третманот на платниот систем. Платниот систем е крвоток на економијата и тоа е третманот на јавна корист која не се разликува снабдување со вода, струја, телекомуникации.. Да се овозможи значителен пристап до секој полнолетен граѓанин до услугите на платниот систем за извршување трансакции кои се дел од секојдневното живеење мора да има и таков тртеман. НБ во соработка со други државни органи, Владата, парламентот, има начини, идеи, како во случај на повторно неследење на сигналите би постапила во иднина – рече Славески.
Тој исто така очекува банките да ги следат потезите на централната бака во однос на тарифите за државните институди за плаќањето во евра со земјите од СЕПА. и да ги применуваат за нивните клиенти – компании и граѓани.
-Советот на Народната банка, во својата област на дејствување воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија. Тоа значи дека од просечните 14 евра по трансакција преку коресподентно банкарство, со новиот тарифник се воведува фиксен надомест од 3 евра за електронски плаќања и од 5 евра за хартиени.Тоа е сигнал на Народната банка што треба да го следат и применуваат банките – рече Славески.
Според него, ниските и фиксни надоместоци по трансакција, треба да доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји.
-Одлуката е донесена во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти- рече Славески.