🎥 НАРОДЕ, ПЛАЧЕ И БИТИЌИ, 32 ДЕНА ЧЕКА ПАСОШ! Тошковски му е крив, не знаел кој е втор човек во Владата

Дали можеби тие 50.000 фиктивни термини не се нивна заслуга и тоа е инструирано, за да падне целиот систем. Некој вртел цело време, намерно, а последицата од тоа е пад на системот. Значи, некој сака да направи атак на системот, и кога тој истиот ќе дојде на власт, да рече еве ја сум магионичарот, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

2,233

Јас не сум му се јавил на министерот за внатрешни работи иако јас и моето семејство сме сликани пред 32 дена за пасош. И нема да го сторам тоа, ќе чекам. Ако тој не може да направи вториот човек во Владата да го добие тоа што го заслужува, тогаш тој не е за таа позиција.

Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, во денешното „Студио 10“ на ТВ24.






– Слепилото коешто настанува кај ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт нема мерило. Само што дојде министерот, рече дека имале 50. 000 фиктивни јавувања и термини, и првото прашање што јас го поставувам и би го поставил секој, како одеднаш ги фатиле тие 50.000 фиктивни термини? Дали можеби тие 50.000 фиктивни термини не се нивна заслуга и тоа е инструирано, за да падне целиот систем. Некој вртел цело време, намерно, а последицата од тоа е пад на системот. Значи, некој сака да направи атак на системот, и кога тој истиот ќе дојде на власт, да рече еве ја сум магионичарот – рече Битиќи.

Тој потенцираше дека и за обрасците за пасош повторно се политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ и дека не е вистина дека немало доволно обрасци.

– Не е вистина дека немало доволно обрасци. Има една многу интересна работа, во 7.30 се затвораат пунктовите за сликање. Ама, имало друг список во 7.45 за сликање каде доаѓаат и се редат од 7.45 до 9  навечер, тоа е другиот список, оној „сваровски“ список. Ова го кажувам јавно, затоа што во ВМРО-ДПМНЕ и да се променети луѓето, манирите им се исти. Затоа и ќе бранам сѐ што сум направил, сѐ што моите колеги имаат направено, сѐ што СДСМ има направено затоа што сме далеку подобри и повеќе си ја сакаме оваа држава од оваа група на луѓе која се обидува да дојде на власт – рече Битиќи.

Поврзани содржини