НАРОД, СВЕШТЕНИЦИ И ПОЛИЦИЈА ПРЕД ЦРКВАТА „СВ. САВА“ ВО БЕЛГРАД Поглаварите на СПЦ И МПЦ-ОА ќе сослужуваат заедничка литургија (ФОТО)

Поглаварот на МПЦ-ОА синоќа пристигна во Белград заедно со уште тројца епископи, а утрово во храмот Свети Сава пристигнаа уште неколку архијереји од МПЦ-ОА, како и од Православната охридска архиепископија (ПОА).

1,843

(Специјално од Белград известува Мартин Богатиноски)

 

Огромна раздвиженост од верници и луѓе во црни мантии се забележува пред и во белградскиот храм „Свети Сава“, каде што за околу еден час треба да започне историската помирувачка заедничка литургија што ќе ја служуваат архијерејите на Српската православна црква (СПЦ) и од Македонската православна црква (МПЦ-ОА).






Поради присуството на српскиот патријарх Порфириј, но и поради самата значајност на настанот, околу храмот Свети Сава се распоредени припадници на специјалната полиција, кои ги претресуваат верниците и се грижат за безбедноста.

Поглаварот на МПЦ-ОА синоќа пристигна во Белград заедно со уште тројца епископи, а утрово во храмот Свети Сава пристигнаа уште неколку архијереји од МПЦ-ОА, како и од Православната охридска архиепископија (ПОА).


Поврзани содржини