📽️ НАРКОТЕРОРИСТИ ЗАГИНАА ВО НАПАД НА САД ВО КАРИПСКОТО МОРЕ Ќе продолжиме додека на престане труењето, вели Хегсет

Како што рековме и претходно, нападите со бродови врз наркотерористите ќе продолжат сè додека не престане труењето на американскиот народ, напиша американскиот секретар за одбрана на Икс и сподели снимка од нападот.

561

Tри лица се убиени на брод осомничен дека пренесува дрога во ноќен напад на американската воена морнарица во Карипско Море. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на платформата Икс објави дека бродот бил под контрола на „организација означена како терористичка“, без да открие дополнителни податоци.

„Како што рековме и претходно, нападите со бродови врз наркотерористите ќе продолжат сè додека не престане труењето на американскиот народ“, напиша Хегсет на Икс и сподели снимка од нападот.






Нападот се случил во момент кога САД ја засилуваат воената активност во регионот. Во септември САД распоредија 10 борбени авиони Ф-35 во Порторико, 8 воени бродови и една нуклеарна подморница во јужниот дел на Карипско Море, во близина на брегот на Венецуела.


Според американската команда, присуството е дел од операцијата против нелегалната трговија со дрога. Oд почетокот на операцијата изведени се повеќе од десет напади врз бродови во близина на Венецуела и во источниот дел на Тихиот Океан, во кои, според Ројтерс, загинале повеќе 61 лице.

Од друга страна, независни аналитичари во Вашингтон предупредуваат дека ваквите акции можат да доведат до тензии со владата на Николас Мадуро, која ги смета овие напади за „прикриени воени интервенции“.

Поврзани содржини