НАРЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ЌЕ БИДАТ МНОГУ ТЕШКИ ЗА УКРАИНЦИТЕ Макрон во Киев го донесе европското единство

Тоа е порака за европско единство за украинскиот народ, поддршка сега и во иднина, зато што неделите коишто доаѓаат ќе бидат многу тешки, изјави францускиот претседател.

590

Францускиот претседател Емануел Макрон, од украинските новинари во Киев беше запрашан дали има порака за народот на Украина. Тој одговори дека носи порака за единство, бидејќи тоа на народот на Украна ќе му биде потребно во периодот што следува.

– Тоа е порака за европско единство за украинскиот народ, поддршка сега и во иднина, зато што неделите коишто доаѓаат ќе бидат многу тешки – изјави францускиот претседател.






Макрон е во посета на Украина, заедно со германскиот канцелат Олаф Шолц и со италијанскиот премиер Марио Драги.

Поврзани содржини